social image

За нас

 Нашата приказна започна со едноставна идеја — да создадеме место каде што секој десерт ќе биде повеќе од парче колач, ќе биде искуство за сите сетила. Од првиот ден верувавме дека вистинскиот вкус доаѓа преку страста, љубовта, посветеност и вниманието кон секој детаљ. Денес, по една деценија, со гордост знаеме дека успеавме во намерата да создадеме премиум бренд препознаен и ценет од вистинските сладокусци. Во текот на годините, се развивавме, експериментиравме и постојано се усовршувавме, секогаш верни на највисоките стандарди. 

Квалитет што се чувствува

Во Кремисимо, квалитетот е наш најважна состојка бидејќи користиме само премиум суровини од врвни производители. Белгиското Callebaut чоколадо е срцето на многу од нашите рецепти – познато по својот богат вкус, мазна текстура и совршен баланс. Секогаш сме во чекор со светските слаткарски трендови, следејќи ги новите техники, комбинации и стилови на презентација, но секогаш ги прилагодуваме со нашиот потпис –елегантен и автентичен.

Повеќе од слаткарница

искуство на вкусови, мириси и емоции, каде што семејната љубов, страста и чоколадото се спојуваат во совршенство.